fbpx

Наумов: Ќе гледате на бројчаник како ги враќаат вашите украдени пари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во посета на историско Крушево денеска e претседателот на Комисијата за финансии и дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов заедно со претседателот на Комисијата за образование, Петар Атанасов и претседателот на Комисијата за здравство Гоце Чакаровски.

Крушевчани велат дека не и веруваат на пропагандната машинерија на Груевски за наводни 600 вработувања на ден.
„Повеќе веруваме дека има 600 иселувања на денот колку вработувања“, загрижено коментираат граѓаните коишто се жалат дека домовите им се празни бидејќи нивните деца се низ светoт по работа.
„Со години криминалот на Груевски и на фамилијата го кријат медиумите под нивна контрола затоа што нивната послушност била платена со 20 милиони евра ваши пари, пари на граѓаните! Затоа без слободни медиуми и безуслови за фер медиумско известување не може да има избори на 24-ти април“, зборуваше Наумов со граѓаните од Крушево, образложувајќи ги уште еднаш позициите на СДСМ за шверцерски закажаните избори на 24-ти април од страна на власта.

Наумов рече дека министрите и дополителните заменици министри од редовите на опозицијата почнаа да ги откриваат криминалите на власта и оттаму е стравот на Груевски и власта во заминување, бидејќи во МВР конечно се воспоставува систем кој што ќе ги штити граѓаните од криминалците, а не обратно.
Граѓаните на Крушево се запознаени со задолжувањата коишто Ставрески и Груевски ги прават на тoвар на идните генерации и прашуваат како државата може да се справи со високиот јавен долг од над 4 милијарди евра.

„Оваа расипничка власт не може една недела да издржи без задолжување. Секојдневно не задолжуваат со нови 3 милиони евра. Секое четири члено семејство во Македонија Груевски и Ставрески го задолжија со 8.000 евра.Украдените пари ќе ви ги вратат, бројчаник ќе врти и ќе гo покажува тоа!“ го заврши своето обраќање пред крушевчани дополнителниот заменик министер за финансии и претседател на комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов.

 

 

 

 

Скопје, 08.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести