Соопштение за јавност
Единствени кои „влегуваат“ во ЕУ со оваа власт се лажните патриоти со бугарски пасоши во Владата, додека европскиот пат на Македонија е заглавен.
Во Владата на Христијан Мицкоски има повеќе бугарски пасоши отколку што јавноста може да замисли. Ова е влада на лажни патриоти, кои наводно го штитат македонскиот идентитет од Бугарија а имаат бугарски пасоши.
Клучното прашање е: чии интереси ги застапуваат, македонските или бугарските?
Сите предизборни лаги на ВМРО-ОКГ и на Мицкоски денес се разобличени. Лажниот патриотизам на ВМРО-ОКГ пропадна.
Нели Мицкоски ветуваше поништување на Преспанскиот договор, враќање на името, подобра преговарачка рамка. А во неговата Влада врие од министри и функционери со бугарски пасоши.
Граѓаните беа излажани. Да ја знаеја вистината, сигурно немаше да ја дадат истата поддршка. Денес разочарувањето е огромно.
Откако СДСМ побара законот за забрана на двојно државјанство да важи за сите избрани и именувани функционери, вклучително и за Владата, Мицкоски веднаш ретерира. Сега се повикува на „експерти“ и наводна уставност.
Зошто експертите не беа консултирани кога законот се поднесуваше?
Зошто Мицкоски сега се повлекува?
Одговорот е јасен: затоа што голем дел од функционерите на ВМРО, министри, пратеници, градоначалници и директори, веќе имаат бугарски пасоши.
Граѓаните ја препознаваат вистината. Лажниот патриотизам е разобличен, а одговорноста допрва доаѓа.
