Соопштение за јавност, одговор на прашање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче
Новиот Деловник е добар за работа. Не дозволува блокада на партиските тела. Претходно можеше да се блокира работата.
Колку се злоупотребува? Ќе ви дадам еден пример. Имаше Анкетна комисија за онкологија и ја водеше пратеничката Рашела Мизрахи. На таа Анкетна комисија лажеше – тврдеше дека некоја работа што била моја обврска, во капацитет на министер за здравство, не сум ја завршил.
Брутално лажеше пред јавноста. Јас тогаш не можев да одговорам затоа што ги немав документите. Бев дојден тука да дебатирам, а потоа, кога ги најдов, ги презентирав и така натаму.
Ништо од тоа што го кажуваше во тој контекст не беше вистина. Еве ви само еден пример.
Еве ви уште еден пример. Многу кажува колку лесно може да се злоупотреби таа работа. Само кратко ќе се надоврзам на претходното прашање, затоа што мислам дека е битно кога зборуваме за носење закони и унапредување на системот, што е суштината во приближувањето и, на крај, членството во Европската Унија.
Подобро ли живеете од пред две години? Подобро ли се живее во државата отколку пред две години? Еве, ако законите се носат на овој начин, до 2024 било не знам како, а сега малку подобро дали навистина се живее подобро? Подобар ли е системот? Поголеми ли се платите?
Поголеми ли се пензиите? Не се. Пензионерите се оштетени, не им се зголемуваат колку што треба. Подобар ли е стандардот? Повеќе ли сакаат младите да останат во земјава? Не сакаат. Повеќе ли бараат бугарски пасоши? Да, повеќе бараат.
Повеќе ли пари имаат земјоделците? Немаат, помалку имаат. Минималната плата веќе следниот месец во Косово се зголемува на 500 евра. Ние ќе имаме најниска минимална плата во целиот регион. Полесно ли се патува низ Европа?
Не – нè задржуваат, нè тргаат настрана. Полесно ли работат транспортерите? Не електронски ги мерат, ги затвораат фирмите и ги пререгистрираат во Бугарија. Луѓето не можат слободно да се движат. Оваа власт ја ограничува слободата на движење со сè што прави.
Луѓето ги затвораат фирмите тука и ги отвораат во земји членки на Европската Унија. Па тоа ли е суштината? Тоа ли е суштината? Наместо да работиме, да патуваме слободно и да имаме можности?
Мала земја лесно се средува. Колку е земјата понеразвиена, толку е поголем процентот на европските фондови што може да се искористат за нејзино зајакнување. Така за кратко време напредуваа Бугарија, Романија и Хрватска.
Тоа е суштината. Ако немаме подобар, поквалитетен и побогат живот, џабе зборуваме за вакви формалности, што било на таа комисија или кои закони и како биле донесени.


