Филипче: Оваа власт е предавничка!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност, одговор на прашање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Политиката, исто како и животот, е многу динамичен процес. Ние не знаеме утре што нè чека, ама наше е да се бориме – да се бориме за себе, за државата, за граѓаните, за да ни биде подобро. Тоа е суштината. А не да се прикажуваат работите какви што не се. Не да се продава лажен патриотизам и некаква борба за национални интереси, која ја нема.

Мене ми е жал што е вака. Мене ми е жал што ние ова не го заслужуваме. Ни луѓето го заслужуваат, ни државата го заслужува ова. Ние треба да одиме напред, континуирано напред, кон Европа.

Ако од 1991 година досега тој пат бил макотрпен, еве и сега гледаме дека е тежок, но мора да го продолжиме – нема друга алтернатива. Затоа што сè друго е разочарување и губење на оптимизмот кај младите, кај пензионерите, земјоделците, докторите, наставниците – кај сите. Мораме да продолжиме напред.

Јасно е што треба да се направи. Нема никаков ризик во чекорот што треба да се направи – да се отвори земјата, да се отворат фондовите, да се зајакне системот и да почне да функционира државата како што треба, по принципите и критериумите на земјите членки во Европската Унија.

Во спротивно, само ќе тонеме.

Само ќе тонеме, ќе водиме дебати, ќе разговараме за различни форми и како наводно да ги зајакнеме, но тоа не е суштината.

Оваа власт мора да се смени. Оваа власт е предавничка. Gи предаде националните интереси и интересите на граѓаните, затоа што лаже дека има некаков ризик во уставните измени. Тоа се случува во овој момент и ќе се случи, а граѓаните ќе си дојдат по своето.