Соопштение за јавност
Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, заедно со претседателот на Комисија за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски и претседателката на Комисијата за информатичко општество и администрација Цветанка Ивановска, се сретнаа со жителите од општина Градско.
Граѓаните се пожалија на погрешните политики на власта во заминување, пред се во земјоделието.
Соработниците на Груевски, како оној Mиленко, добиваат земјиште а за нас, вистинските земјоделци, нема земја. После земаат субвенции за се и сешто. Платежната агенција не дозволува увид на исплатените пари. Ние имаме услови за одгледување на сите гранки а не добиваме земјиште! Имаме уште многу Миленковци кои со огромни поволности. Не може за вистинските земјоделци да не се мисли, се пожалија жителите на овој регион.
-Доделувањето на субвенциите власта во заминување го направи организиран систем преку кој се манипулираат и злоупотребуваат маките на вистинските земјоделци. Сите оние кои ги злоупотребиле субвенциите и земјиштата ќе одговараат, ние ќе делуваме вака до крај и како што е предвидено со закон. СДСМ ќе спроведе ревизија на земјоделското земјиште коешто ќе им биде доделено на вистинските земјоделци, возврати Николовски.
Николовски презентираше и дел од мерките од Програмата на СДСМ во делот на земјоделството.
-Државата треба да понуди целосна заштита на земјоделците, да се отвараат нови пазари, да го гарантира откупот а не да манипулира со маките на граѓаните. СДСМ ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра што ќе завршуваат кај вистинските земјоделци. Субвенции ќе добивате навремено и тогаш кога Ви се најпотребни. Наместо милиони евра за пропаганда, парите ќе завршуваат кај вистинските земјоделци, рече Николовски.
Зборувајќи за актуелните случувања, Николовски рече дека Никола Груевски не сака слободни медиуми, за да продолжи со лагите и манипулациите преку своите мегафони кои дебело ги наградува со парите на граѓаните.
Никола Груевски на своите медиуми за сеење маглa им дал неверојатни 20 милиони евра пари на граѓаните. Со овие 20 милиони можеа да се отворат 4 илјади реални работни места, можеа да решат многу суштински проблеми на граѓаните, на земјоделците.
Регулација на медиумите и прочистен список е фер шанса за регуларен предизборен и избoрен процес, рече Николовски.