Филипче од Кочанско: Владата да обезбеди 20 денари по килограм дополнителна субвенција за оризот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со земјоделците производители на ориз од кочанското село Грдовци, порача дека владата мора да обезбеди 20 денари по килограм дополнителна субвенција за оризот, за да им помогне на земјоделците. Филипче укажа дека доколку владата не обезбеди дополнителна субвенција, ќе биде доведено во прашање производството на ориз.

„Нема да има род на ориз оваа сезона. Министерот, премиерот, луѓето кои што се заинтересирани само за својот комодитет, и ништо друго. Треба да дојдат и да ги слушнат овие луѓе. Да дадат најмалку 20 денари по килограм дополнителна субвенција, за да може да преживеат луѓето, за да може насад да има оваа сезона, а понатаму да се зборува и како да се зголеми дополнително и откупната цена“, рече Филипче.

На средбата на која земјоделците ги посочија проблемите со кои се соочуваат и незаинтересираноста на власта да им помогне, Филипче посочи дека оризопроизводителите се во тешка состојба, откупната цена е понижувачка, откупот е запрен, цените на заштитините средтсва и ѓубривата се драстично зголемени поради кризата на Блискиот Исток.

„Со растот на трошоците на ѓубривото, на водата, на работната рака, сега еден килограм ориз се произведува за некаде околу 30 денари или 32 денари, а откупната цена е околу 20 денари. Никој не го откупува оризот повеќе. Луѓето се соочуваат со сериозни егзистенцијални проблеми.Дополнително на тоа, каналите за вода не се исчистени, вода од Калиманското езеро не е пуштена. Дали некој од министерството воопшто води сметка за секторот“, рече Филипче.