Филипче: Мицкоски ќе стои како фуснота во историјата како премиер кој не направил ништо за државата и граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање во изјавата во кочанското село Грдовци, посочи дека премиерот Мицкоски упорно го спинува ставот на СДСМ во однос на Законот за влада, обидувајќи се да создаде погрешна перцепција во јавноста. Филипче нагласи дека Мицкоски ќе стои како фуснота во историјата – премиер кој не направил ништо за државата.

Во продолжение е интегралниот одговор на Филипче

„Ние никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието. И тоа е само уште еден спин на премиерот, кој што сака да го прикаже во јавноста како некое наше бегање од работата во институциите. Вистината е дека ние, доколку се донесе тој Закон за влада, шверцерски, и се укине Пржинската влада во ситуација кога целосно е контролирана државата, еднакво како во времето на Никола Груевски, контрола на судството, што го прави истото сега Христијан Мицкоски, контрола на полицијата со новиот закон, со партиски послушници и контрола на медиумите, од страна на орбановите медиуми, истото како што беше во времето на судиите од тефтерчето на Никола Груевски – еднакoв е системот. Тоа се нашите аргументи зошто техничката влада по истиот систем треба да остане. Дополнително, се работи за закон донесен со консензус, на негово лично барање во 2018 година на Христијан Мицкоски, вратена пржинската влада. Ние ќе излеземе и нема да учествуваме во работа за Изборниот закон. Не во работата на Собранието. Се поставува прашањето зошто премиерот по кој знае кој пат лаже и спинува. Ништо друго не му останува. Додека ја води оваа влада, колку и месеци понатаму да ја води, ќе биде запаметен по едно големо ништо – ништо ќе стои како фуснота во историјата на оваа земја, човек кој што водел владата и ништо не направил, ниту за државата, ниту за граѓаните, еве, гледаме тоа по примерот на земјоделците“.