Филипче за двојните државјанства: Оваа Влада ја водат луѓе со резервна татковина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче

„Треба да се реши премиерот што и како кажува. Неговите пратеници поднесуваат предлог закон, а тој вели треба да се консултираат уставни експерти,еве сега наводно бил заинтересиран. На тој човек веќе едноставно ништо не може да му се верува. Оваа влада ја водат луѓе кои што имаат резервна татковина и е прашање дали воопшто работат за интересите на оваа држава“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.