fbpx

Канал 5 ги призна и јавно ги повлече лагите на Миленко Неделковски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Канал 5 телевизија“ денеска ги призна, јавно ги повлече лагите на Миленко Неделковски и му се извини на Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство.

Извинувањето е само уште една потврда дека медиумските хајки на соработниците на Никола Груевски, платени со пари на граѓаните, се само невистини, измислици, и ништо друго.

Се надеваме дека провладините медиуми полека ќе осознаат дека вистината и реалната вест треба да бидат неприкосновено правило, и дека манипулациите и злоупотребите мора да завршат.

Одлуката на „Канал 5“ е за поздравување, но, очекуваме дека еден ваков исклучок ќе стане правило во интерес на медиумите, новинарите и на сите граѓани коишто 10 години се лишени од вистината, од објективната и вистинска информација.

Скопје, 06.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести