ЗНАМ е само платеничка алатка на ВМРО-ОКГ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ЗНАМ денеска обвини дека во СДСМ постои раскол поради Законот за Влада.

Единствениот раскол што СДСМ го имаше беше токму во моментот кога екипата од ЗНАМ, водена од свои лични интереси и пари добиени од криминалната група ВМРО, се обиде да го растури СДСМ одвнатре.

Тогаш се случи вистинскиот раскол, помеѓу предавници и платеници од една страна, и вистинските членови на СДСМ, кои и денес се борат за подобра иднина на граѓаните, од друга страна.

ЗНАМ не е ниту партија, ниту позиција. ЗНАМ е сателитска платеничка група создадена и финансирана од ВМРО со единствена цел, обиди за ослабнување на опозицијата.

Граѓаните веќе ве прочитаа. Еднаш ги излажавте, втор пат нема да ви помине.