Соопштение за јавност
„Власта на Мицкоски го тероризира народот. ВМРО и ЗНАМ едноставно ја тероризира државата, го тероризира правосудството, ставаат свои партиски луѓе, а премиерот од партиска и собраниска говорница или во јавноста им дава наредби како да работат“, обвини претседателот на СДСМ Венко Филипче во гостување во вестите на Алсат.
Филипче посочи дека, ваквиот пристап на власта има сериозни последици врз демократските процеси и општествените односи во државата.
„Се тероризира демократијата. Владејачкото мнозинство гласаа декларација во собранието, со којшто и забранува на опозицијата да говори на одредена тема, се тероризираат меѓуетничките односи, се загрозува и еден од постулатите на државата. Ова го нема никаде во Европа, ова е антидржавно, антинародно и антиевропско однесување. Оваа влада е таква“, обвини Филипче.
Притисокот, како што посочи, се рефлектира и врз економските текови и буџетската состојба во државата.
„Се тероризира економијата, дефицитот којшто е предвиден за оваа година веќе сега овој месец достигна 60 и кусур проценти од 650 милиони, околу 400 милиони веќе е дефицитот во буџетот. Наплатата на приходите е само 20 проценти“, рече Филипче.
