fbpx

Заев во Штип: Целта ни е искрена и исконска, се вика Македонија!‏

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Овде ништо немаме, водата што ја пиеме е загадена, нема пат, кал по цело село, заборавени сме. Вие ни носите надеж дека работите ќе се променат, за сите. Со овие зборови претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го пречекаа жителите на Караорман, штипско.

Се жалат на сиромаштијата и тешкиот живот, на нерешените основни проблеми.

„Ние нема парите да ги трошиме за споменици туку за решавање на проблемите на граѓаните.
Расипничката власт во заминување потроши 623 милиони евра а со само 2,5 милиони евра се решаваат сите проблеми во вашето населено место, пат, водовод, канализација, се’, нормални услови за живот“ рече претседателот Заев.

Средбите со граѓаните претседателот Заев ги продолжи во Штип. Улиците во штипските населби беа претесни да ги примат граѓаните коишто масовно излегоа да го пречекаат идниот премиер.

„Повеќе од 5 милијарди евра, народни пари, се украдени од граѓаните на Македонија. Финансиски е уништена. Мора да се одговара за криминалот и парите да се вратат назад, кон граѓаните“ рече Заев.

Штипјани заинтересирани како СДСМ ќе ја гради Македонија по промените коишто сите ги очекуваат.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето пред штипјани рече дека погрешните приоритети во изминатите години, алчноста на фамилијата на власт за богатство, уништи многу работни места.

„623 милиони евра се потрошени за споменици. Со овие пари можеа да се направат 123 фабрики и во секоја фабрика да се отворат по илјада нови работни места. Тоа се 123 илјади нови работни места“ рече Заев.

Заев рече дека во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори на коишто ќе победи СДСМ.

„Избори ќе има откако ќе се исполнат клучните услови. А на слободни, фер и демократски избори ќе победи СДСМ, ќе победат граѓаните, ќе дојдат промените. Ќе истраеме до крај во оваа борба. Целта ни е искрена и исконска, се вика Република Македонија. Нашата таковина да тргне напред.“ рече Заев.

 

 

Последни вести