fbpx

Јасно е зошто медиумските курири молчеа, медиумскиот мрак е платен со народни пари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сега е уште појасно зошто точно 50 дена, Курир, Република и Радио Слободна Македонија молчеа од каде им се милионите евра на нивните сметки, а молчеа и институциите.

Медиумскиот мрак во Македонија, пропагандата, медиумските хајки се платени со пари на граѓаните.

Само во Сител, Канал 5 и Алфа, во последните три години завршиле 13 милиони милиони евра, пари на граѓаните!

Затоа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се симнуваат екраните на телевизиите Сител, Канал 5 и Алфа.

Јасно е сега од каде се приходите од 1.3 милиони евра на Курир, за приходите од 1.1 милион евра на Република и приходите од 617 илјади евра на Радио Слободна Македонија.

Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај со по 40 денари на ден, овие медиуми со народни пари шират невистини и ги трујат граѓаните, за да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.

Затоа овие медиуми изминативе 10 години ги лажеа граѓаните и ширеа пропаганда од невидени размери.

Затоа, без да се обезбедат услови за објективен и фер терен за натпревар, не се можни фер и регуларни избори.

Новата Влада во Македонија што ќе ја предводи СДСМ ќе овозможи непристрасно и објективно информирање на граѓаните, бидејќи само вистински информирани граѓани може слободно да носат одлуки за иднината на својата држава.

 

Скопје, 02.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести