Левица – уште еден сателит во одбрана на ВМРО-ОКГ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Уште еден сателит во одбрана на криминална група ВМРО во момент кога Мицковски повеќе не може да одговори на граѓаните на ниту едно прашање!

Левица е партија која е создадена и финансирана од ВМРО.

Партија која фиктивно треба да глуми сериозна опозиција на власта, а всушност е осудена засекогаш да биде опозиција.

Партија која е против НАТО во земја членка на НАТО, во која 72% од граѓаните го поддржуваат НАТО.

Партија која е против ЕУ во земја кандидат за ЕУ, во која 77% од граѓаните ги поддржуваат европските интеграции.

Партија која е проруски ориентирана во земја во која САД се стратешки партнер.

Со еден збор – партија за ништо!

Се ближи јуни. Остануваат уште 24 дена до рокот кој самиот си го постави Мицкоски за исполнување на реформските услови. Од тоа нема ништо.

Затоа вештачки се подгрева конфликт со Бугарија, а преку своите сателити Левица и ЗНАМ започнуваат црна кампања против СДСМ.

Нема да нè запрете.

Сите ќе одговарате!

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!