Филипче: Победа на СДСМ за професионалната и чесна полиција – Мицкоски и Тошковски најавуваат одложување на скандалозната партизацијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Победа на СДСМ за професионалната и чесна полиција – Мицкоски и Тошковски најавуваат одложување на скандалозната партизацијата на МВР.

Полицијата не смее да служи на криминалната група ВМРО, на шефот на мафијата Мицкоски и да служи за заштита на криминалот и корупцијата.

Ова е победа на СДСМ за сите граѓани на Македонија и за професионалците во полицијата, победа на стручноста и професионализмот над партизацијата и политичката контрола врз полицијата.

Ние поднесовме иницијатива до Уставниот суд со што ја блокираме партизацијата на МВР.
Со оваа одлука за одложување, Мицкоски и Тошевски всушност признаваат дека не можат да го протнат законот без да предизвикаат огромен отпор и без да имаат правна основа.

Честитки до сите чесни и професионални полицајци кои секојдневно ја вршат својата работа чесно и професионално.

Ова е ваша победа.

Ова е потврда дека граѓаните и институциите не дозволуваат МВР да се претвори во партиска полиција на ВМРО-ОКГ.

СДСМ е во служба на граѓаните на Македонија, а граѓаните и професионалната полиција не дозволуваат партизација на безбедносните институции.

СДСМ ќе ја врати власта во рацете на народот!

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“

https://x.com/VFilipche/status/2052466758313992564?s=20