Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во вчерашниот поткаст „Риштази“ на Коха, порача дека партијата работи на фронт за широка мобилизација на граѓаните за европска иднина на државата.
„Треба да се мобилизира општеството, интелектуалците, сите слоеви во општеството, поради тоа што станува збор за иднината на државата. Во тој фронт ќе бидат добредојдени сите, прво, политички чинители, политички партии, без разлика од кој етнички дел доаѓаат.“, потенцираше Филипче.
Филипче додаде дека во европскиот процес ќе се вклучат и граѓански организации и независни интелектуалци.
„Покрај политичките партии, граѓанските организации, независни интелектуалци, луѓе, поединци коишто сакаат да пристапат, затоа што, ќе повторам, станува збор, на маса е ставено прашањето за еднината на државата. Ќе ги мобилизираме сите ресурси во општеството, сите луѓе, сите интелектуалци, за да конечно заврши тој процес на пристапување. Ќе се формираат групи на интелектуалци од повеќе партии, коишто ќе преговараат со Европа.“, појасни претседателот на СДСМ.
Тој најави и промоција на национална платформа за европска интеграција.
„Ние ќе ја промовираме и нашата национална платформа. Клучно е обединување околу европските вредности, а не партиски интереси. На принцип на верување и споделување на вредносните наши политики. Не на други принципи. Не на теснопартиски принципи. Нашето место е во Европа.“, порача Филипче.


