Лавји котиња со патриотски бугарски пасоши

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски, шефот на криминалната група ВМРО, денеска повторно, како и секој уличар, продолжува со својот крими-дипломатски речник и преку медиуми испраќа „повици“ до новоизбраниот премиер на Бугарија за решавање на добрососедските односи.

На кого уште не му е јасно дека овој „голем патриот“, на кого половина од владата, Собранието и партијата имаат бугарски пасоши – не сака да го реши прашањето за внесување на малцинствата во Уставот?

Тоа не е никакво прашање на загрозување на националниот идентитет.

Единственото загрозување е загрозувањето на криминалната група.

Секој чекор поблиску до ЕУ е чекор кон тоа криминалната група да сноси одговорност за своите криминално-коруптивни дела.

Ете, тоа е единственото загрозено!

Вети до јуни дека ќе ги исполни сите услови за продолжување на разговорите со ЕУ.

Граѓани, гледате како од тоа нема ништо – секојдневно бара алиби.

Како што до вчера ја обвинуваше СДСМ за Изборниот закон, денеска пратеник на ВМРО рече дека СДСМ не им е потребен за донесување на истиот закон, како што не им беше потребен кога без консензус и без меѓународна заедница ја укинаа техничката влада.

Денеска ја обвинува СДСМ (со стандардните навреди и речникот на еден уличар, шеф на подземје, како што му и прилега) за лоши односи со Бугарија, додека пред неколку дена самиот зборуваше за лоши и најави уште полоши односи, додека во Бугарија не е ни формирана владата.

Сегашниот премиер, поранешниот претседател на Бугарија, Румен Радев уште во јули минатата година рече дека Македонија сама себе си го кочи патот кон ЕУ.

Толку за уличарската дипломатија на единствениот кој клечеше и молеше за власт, ветувајќи укинување на Преспанскиот договор и враќање на името во БЈРМ или ФИРОМ.

Така криминалната организација, познатите „лавови“, водат политика на изолација на Македонија, додека сите нејзини граѓани ги држат како заложници на нивниот криминал и корупција.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!