fbpx

Ременски во дебарско: На Македонија и треба премиер домаќин, и треба Зоран Заев

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Првиот впечаток што се добива на патот накај Дебар е дека лошата инфраструктура во овој регион ги оневозможува граѓаните да дојдат и да го посетат овој дел од Р.Македонија којшто изобилува со природна убавина.

Жителите на дебарското село Џепиште се на голема мака. Се соочуваат со тужби и извршители затоа што поранешниот министер за труд и социјална политика, Спасов им ги бара назад парите од социјалната помош што им ја укина, заради помошта од нивни блиски од странство со којашто тие се обиделе да им помогнат во тешката егзистенција.

Ова е еден од проблемите што го слушна потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, која вчера беше заедно со членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Аднан Џаферовски во посета на дебарскиот регион.

“Ако не ни испратат некој денар, ние не можеме да преживееме. Како што гледате огромна сиромаштија го зафати нашиот крај. Младите се иселуваат, работа нема“, загрижено коментираат граѓаните.

-Неодговорното однесување на поранешниот министер Диме Спасов, остави над 5.600 луѓе без социјална помош токму поради ова што го наведувате. Срамота е Македонија, којашто е социјална држава да бара назад пари од граѓаните кои се во социјален ризик. Се бориме да ја вратиме социјалната помош повторно таму каде што е најпотребна затоа што знаеме дека поранешниот премиер Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги осиромашуваат граѓаните изминативе 10 години, додека тие се богатат, рече Ременски.

И во центарот на Дебар, претставниците на СДСМ зборуваа со граѓани кои се во социјален ризик. Тие велат дека е срамота да се трошат милиони евра за камен во Скопје, а на неподвижните луѓе да им се укинува правото за нега.

-Тоа е резултат на криминалното владеење на Груевски и неговите соработници. Тие сакаат хаос, а ние бараме да се работи исклучиво по закон. Знаат дека ќе одговараат, затоа лажат и манипулираат преку медиумите под нивна контрола. На Македонија и е потребна домаќинска власт и премиер домаќин. Таков премиер може да биде само Зоран Заев, човекот којшто раководи со најуспешната, најтранспарентната и фискално најстабилната општина во Р.Македонија, општина Струмица, рече Ременски.

Во дебарското село Долно Косоврасти членовите на Извршниот одбор, Едмонд Адеми и Аднан Џаферовски ја испратија пораката дека определбите на СДСМ се Македонија едно општество за сите, стабилна заедничка иднина за сите граѓани на Р.Македонија.

 

 

Последни вести