Соопштение за јавност
„Националниот идентитет го загрозуваат криминалот и корупцијата, а не малцинствата.
Христијан Мицкоски и криминална група ВМРО мораат еднаш засекогаш да разберат: граѓаните јасно гледаат што прават.
Намерно сакаат да ја изолираат Македонија од Европа за да ја зачуваат својата криминална банда на власт.
Вметнувањето на правата на малцинствата во Уставот не е загрозување на македонскиот национален идентитет, туку токму спротивното – негово зајакнување.
Кога малцинствата се дефинирани и гарантирани со највисокиот правен акт на државата, тоа не го слабее, туку го зацврстува македонскиот идентитет и ја зајакнува кохезијата на целото општество.
Силна држава се гради со вклучување, а не со исклучување.
Единственото што е вистински загрозено со уставните измени е криминалната група на ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски лично.
Затоа што продолжувањето на европскиот пат значи примена на законите и правдата.
Значи Европско јавно обвинителство пред кое нема да можат да командуваат ниту од собраниската говорница, ниту преку телевизиските студија.
Значи крај на наместените тендери, партискиот грабеж на државните пари и неказнивоста.
Мицкоски и неговата група свесно ја блокираат европската иднина на Македонија за да ја продолжат кражбата на државата и на народните пари.
Токму затоа националниот идентитет им служи само како изговор за да ја зачуваат својата власт и своите криминални интереси.
СДСМ нема да дозволиме националниот идентитет да се користи како штит за криминал и корупција.
Македонскиот идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија.
Граѓаните знаат: вистинската закана за идентитетот, за државата и за иднината не доаѓа од малцинствата – туку од криминалот и корупцијата на ВМРО-ОКГ.
Европска Македонија или криминална изолација – изборот е јасен.“
Линк до објавата:
https://www.facebook.com/share/p/1AmAtEAYxS/


