Соопштение за јавност
Оддаваме почит на осумте храбри припадници на македонската полиција кои ги положија своите животи како и за повредените во кумановско Диво Насеље, во 2015 година.
СДСМ и тогаш, како и денес, јасно и недвосмислено го осуди терористичкиот напад и ја даде целосната поддршка на полицијата и безбедносните сили.
Ние секогаш бевме и остануваме на страната на државата, единството и безбедноста на сите граѓани.
Кога го славиме и Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, јасно е дека борбата против тероризмот, омразата и поделбите продолжува.
Да се сеќаваме вечно на жртвите за да не се повтори.
Екстремизмот никогаш не донел ништо добро.
Затоа сме против поделбите во општеството, затоа националистичката реторика не и треба на Македонија.
Затоа СДСМ се залагаше и ја направи Македонија горда членка на НАТО.
Затоа работевме да станеме членка на најголемиот и најсилниот воен сојуз во најкраток можен рок.
Во овие турбулентни времиња на војни и кризи, токму Алијансата НАТО ја гарантира нашата безбедност и мир.
Следниот чекор, покрај воената безбедност, е членството во Европската Унија.
ЕУ ни дава перспектива за просперитет, подобар животен стандард, економски развој и трајна стабилност.
Затоа Европската Унија е единствената опција. Немаме алтернатива.
Сите заедно, Македонскиот народ и сите други народи и национални малцинства – под знамето на Македонија, во европското семејство.
Само така ја градиме иднината на мир, безбедност, правда и просперитет.


