fbpx

Кирацовски во Новаци: Граѓаните сакаат промени, остануваат уште условите за фер избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ и заменик министер во министерството за информатичко општество и аминистрација, Александар Кирацовски, придружуван од претседателот на комисијата за здравство на СДСМ, д-р Гоце Чакаровски посетија повеќе села и населени места во Општина Новаци, среќавајќи се со голем број граѓани.

На средбите се зборуваше за актуелната ситуација во нашата држава и тешкиот живот на граѓаните.

Криминално владеење на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ ја уназадија Македонија.

Граѓаните ја опишаа тешкотијата на своето живеење, сиромаштијата, безработицата кои се причината што нивните деца и внуци се веќе отидени во странските земји или размислуваат да заминат. Надеж гледаат во прмените на власта.

-Сретнав граѓани кои и во 21 век живеат без канализација, граѓани со месечни приходи од само 3.000 денари, граѓани кои неможат да си дозволат соодветно школување за своите деца, кои неможат да си ги овозможат основните егзистенцијални потреби.

Сретнав понижени и уценети вработени во јавна администрација, социјални случаи кои живеат со парична помош која дава само лажна надеж, сретнав замолчени професори, земјоделци со потценет труд кои чекаат избори за да земат субвенции, студенти кои се пакуваат за напуштање на татковината, родители кои тагуваат.

Ако после 10 години власт на фамилијата во државата имаме ваква ситуација, тоа значи дека овие луѓе немаат кредибилитет да водат ниту месна заедница, а камо ли држава, рече Кирацовски во обраќањето пред граѓаните.

Ако на тоа го додадеме криминалот и корупцијата, прислушувањето, политичките затвореници, изборните малверзации и манипулации, нема што друго да се каже – Општеството е подготвено за промени, граѓаните сакаат промени, останува уште создавањето на условите за фер избори додаде тој.

-Нема да ги изневериме граѓаните, нема да дозволиме уште едни криминални избори коишто оваа власт планира да ги организира на 24 април. Ние на тие избори, во услови на непрочистен избирачки список и узурпиран медиумски простор, нема да учествуваме, дециден беше Кирацовски.

Кирацовски ги претстави и петте столбови на изборната програма на СДСМ, мерките за поддршка на домашните компании, мерките за вработување и самовработување, особено ставајќи акцент на земјоделската програма која пред се обезбедува зголемени, навремени и стимулирачки субвенции, враќање на „зелената навта“, социјалната пензија и други решенија.

 

 

Последни вести