До кога народот ќе чека одговор дали се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните со денови бараат јасен и конкретен одговор од Министерството за правда, Филков и Христијан Мицкоски: Дали се испратени барањето и документите за екстрадиција на Никола Груевски?

До кога треба да чека народот?

ЗНАМ тотално се распаѓа, а Мицкоски веќе го стави Филков на листата за смена во најавената реконструкција на Владата, граѓаните заслужуваат да знаат:

Кој е вистинскиот налог што Мицкоски му го дал на Филков?

Дали да го штити Груевски или да биде уапсен?

Што покажуваат анкетите што Мицкоски ги нарачал?

Еден дел од ВМРО е против апсењето на поранешниот претседател на партијата.
Друг дел веќе откажува послушност и не сака да биде дел од криминалната мрежа.

Исто како што пратеници и советници масовно го напуштаат ЗНАМ, партијата основана од Максим Димитриевски а финансирана од Мицкоски, така и луѓе од ВМРО-ОКГ сè повеќе гледаат дека доаѓа време на одговорност.

Мицкоски ја блокира екстрадицијата на Груевски, затоа што со тоа не го штити само Груевски, туку се штити и самиот себе и својата криминална мрежа.