Уште 18 дена до неисполнување на реформите ветени од Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Уште само 18 дена остануваат до истекот на рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на реформите потребни за продолжување на ЕУ интеграциите.

18 дена до ново неисполнето ветување.

18 дена до нов доказ дека организирана криминална група ВМРО-ЗНАМ – тендер коалиција, намерно ја блокира европската иднина на Македонија.

Мицкоски вети дека до јуни ќе ја заврши Реформската агенда.

Од 10 клучни точки, за две години реализирани се само две, делумно.

Сега, за еден месец треба да се завршат осум.

Тоа не е реформа. Тоа е лага.

Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство и не сака да се внесат малцинствата во Уставот.

Зашто тоа би значело правда и крај на неговата криминална заштита.

Наместо европски пат, тој нè води во изолација.

Наместо внесување на малцинствата во Уставот (основниот услов за продолжување на преговорите со ЕУ) – намерен конфликт со Бугарија.

18 дена се доволни за да се види вистината:

Мицкоски не сака ЕУ. Тој сака власт без контрола.

Нема повеќе време за лаги.

Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.