Мицкоски и ВМРО – тројанскиот коњ на Балканот – порака и од НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека НАТО и Европската Унија отворено предупредуваат за хибридни закани, руско влијание и „српски свет“ во Западен Балкан, Мицкоски и неговата криминална група продолжуваат да ја туркаат Македонија во изолација и странски агенди.

Вицепремиерот Стоиљковиќ, прв соработник на Мицкоски, јавно се фали со врските со Русија и „Ноќните волци“ на Путин.

Главниот уредник на Орбановите медиуми во Македонија, Драган Павловиќ Латас, човекот со долга историја на соработка со српските служби и УДБА, денеска ја води антиевропската пропаганда.

Колку уште пораки треба да стигнат за да разбереме дека Мицкоски и неговата организација работат против македонските интереси?

Половина од ВМРО-ОКГ има бугарски пасоши – министри, пратеници, нивните семејства.

Мицкоски предложи закон за двојно државјанство, но само од следниот состав на Собранието.

Кога СДСМ бараше законот да важи веднаш и за сите во Владата – веднаш го повлече.

Толку веруваат во Македонија. Толку за нивниот „патриотизам“.

Мицкоски не сака ЕУ затоа што ЕУ значи правда, независно судство и крај на криминалот.

Тој сака изолирана Македонија во која тој и неговите блиски можат слободно да крадат, а граѓаните да чекаат на граница, да чекаат децении заглавени.

Македонија не е тројански коњ. Македонија е европска држава.

Реформи сега. Европа сега.

Нема враќање назад.