ВМРО-ОКГ е „промакедонска“ вели Мицкоски?! Значи не сте македонска партија?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“.

Промакедонска?

Значи не сте македонска?

А, да… не сте.

Правилно кажа Мицкоски!

Не може да бидете македонска партија кога половина од вас има бугарски пасоши.

Министри, пратеници, директори, членови на семејството на Мицкоски, семејството на Латас – првиот човек за медиуми на премиерот и уредник на Орбановата медиумска мрежа… сите со црвени пасоши на ЕУ.

Вие не сте промакедонска.

Вие сте про-бугарска партија со бугарско државјанство.

Вие не го браните македонскиот идентитет.

Вие го користите за да ја блокирате Европа и да ја заштитите вашата криминална империја.

Македонска е само онаа партија која се бори Македонија да биде полноправна членка на Европската Унија, а не изолирана провинција на Орбан и Путин.

Вие сте промакедонски колку што е „промакедонски“ човек кој ја спречува европската иднина на својата земја.

Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.

Нема враќање назад.