Соопштение за јавност
Сиромаштија, невработеност, големо иселување на младите луѓе – тоа се проблемите на кои се жалат луѓето во Неготино и неготинскиот крај.
Со нив разговараа вчера попладне и вечерта генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, придружуван од претседателката на Комисиjата за администрациjа и информатичко општество Цветанка Иванова и членот на Извршниот одбор Сања Лукаревска.
Жителите на Неготино и на селата Темјаник и Криволак поотворено од кога било зборуваат за одговорноста на власта поради состојбите во државата. Тие го поддржуваат ставот на СДСМ дека на Македонија и е неопходна Влада избрана на фер избори.
-Само сите заедно, сплотени, можеме да ставиме краj на расипничката власт. Мораме да ја вратиме довербата на граѓаните во системот, да го вратиме кредибилитетот на институциите. Промените што ќе донесат подобар живот ќе се случат на следните слободни, фер и демократски избори. Токму од нив се плашат Груевски и фамилијата, бидејки треба да се соочат со одговорноста за злупотребите на грбот на граѓаните, рече Спасовски.
Претставниците на СДСМ се сретнаа и со млади од овој крај, кои сакаат да останат да живеат во родната земја.
Генералниот секретар Спасовски ги охрабри дека во Програмата на СДСМ има многу мерки за подигнување на животниот стандард на младите и за отворање реални шанси за нивно унапредување и вработување.
-Груевски е уплашен од младите, затоа предизборно ветува чуда, бидејки 10 години ништо не направи, но прочитан е. Потребна е енергијата на младите, ве повикувам да се здружиме и да истраеме во оваа битка, крајот на оваа власт се гледа, ова е незапирлив процес, порачаа генералниот секретар Спасовски и претставниците на СДСМ при посетата на Неготино и неготинско.
Скопје, 29.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА