Соопштение за јавност
Поминаа 46 дена откако СДСМ обелодени за приходите од 1.3 милиони евра на Курир, за приходите од 1.1 милион евра на Република и приходите од 617.000 илјади евра на Радио Слободна Македонија.
Тоа се 3 милиони евра приходи кои овие три медиуми на Никола Груевски, Курир, Република и Радио слободна Македонија ги оствариле во последните 3 години.
Државните институциите продолжуваат да ги кријат и да молчат за милионските приходи на сметките на медиумските курири на Никола Груевски.
Тие 46 дена не даваат одговори за начинот на финансирање на куририте на Никола Груевски коишто вртат милионси суми на нивното салдо.
Граѓаните мака мачат да врзат крај со крај со по 40 денари на ден, над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а фабриката за лаги и пропаганда на Никола Груевски врти 3 милиони евра. Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.
Граѓаните дознаа дека фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е директно поврзана со овие медиуми и со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП чиј сопственик е Владислав Стајковиќ.
НВСП на Стајковиќ е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата, а зад којашто лично стои братучедот на Груевски, Мијалков.
Вистината за Македонија ја откри поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.
Затоа медиумите на братучедите Груевски и Мијалков 10 години шират невистини и ги трујат граѓаните, за да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.
Никола Груевски не сака слободни медиуми. Медиумската пропаганда во Македонија фамилијата сака ја користи за спас на сопствената кожа и да се спаси од направените криминали.
Затоа медиумите на Никола Груевски молчат за милионите на нивните сметки.
До кога ќе молчат и институциите за милионите на медиумските курири?
Скопје, 28.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА