Соопштение за јавност
На земјоделците им е доста од лагите и рекламите на Груевски за неговата наводна грижа.
Видовме како се грижи власта на Груевски за земјоделците од криминалите и злоупотребите во министерството за земјоделство поврзани со субвенциите и државната земјоделска земја.
Субвенциите се користат за предизворна уцена на земјоделците и за богатење на луѓе блиски на власта.
Исто така и државната земјоделска земја служи за задоволување на послушниците на Груевски и фамилијата. Илјадници хектари добиле пратеници, раководители на подрачни единици, функционери, претседатели на комитети и локални моќници.
На Груевски не му се важни ниту земјоделските производители ниту домашното производство на храна.
Затоа најавуваме агростратегија која ќе значи навремена исплата на субвенциите, сигурен пласман и повисоки откупни цени, намалување на производните трошоци како и заштита на земјоделците од страна на државата за да не ги уценуваат трговците и откупувачите.
Зелена нафта е приоритена мерка која ќе ја спроведеме како и ревизија на поделбата на државната земјоделска земја и враќање во рацете на вистинските земјоделци.
Скопје, 28.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА