ЗНАМ се распаѓа, а ја доби последната задача – да плати за своето постоење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо Филков конечно да ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски, ЗНАМ организира прес-конференции за да продолжи со пропагандата на криминалната група ВМРО.

Доволно е со дефокусот.

Граѓаните не ги интересираат вашите дневни шоуа и нови теории на заговор.

Граѓаните бараат одговор:

Дали документите за екстрадиција на Груевски се испратени или не?

Имате уште 15 дена до истекот на рокот за исполнување на реформите што Мицкоски лично го постави. Нема да добиете нови алиби. Нема да добиете нови одложувања.

Испратете ги документите за Груевски веднаш!

ЗНАМ се распаѓа и ја плаќа цената за своето постоење. Му испорачува на Мицкоски.

Но, граѓаните на Македонија нема да дозволат целата држава да биде заложник на криминалната група ВМРО.

Правда сега. Реформи сега. Европа сега.