Мицкоски лаже како и секогаш – СДСМ нема да му даде алиби

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски денеска повторно се обидува да ја префрли вината на СДСМ за сопственото нефункционирање.

Реалноста е следнава:

• Тој сам ја укина Техничката влада.

• Тој рече дека „СДСМ не му треба“.

• Тој вети дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од Реформската агенда.

Сега, кога не успеа да исполни ништо, повторно бара „разум од СДСМ“.

Основниот услов за продолжување на преговорите со ЕУ е внесување на малцинствата во Уставот.

Без тоа – нема напредок кон ЕУ, нема преговори, нема ништо.

Мицкоски нема да заврши реформите затоа што не сака да ги заврши. Не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство и не сака да ги исполни европските услови.

СДСМ нема да му даде алиби за неисполнување на реформската агенда.

Мицкоски не сака ЕУ. Тој сака само власт без контрола и без одговорност за да тера бизниси.

Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.