Соопштение за јавност
Граѓаните на Македонија секојдневно дишат отров наместо чист воздух, што предизвикува штетни последици по нивното здравје.
Мерните станици континуирано, со денови и недели покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.
Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Битолаизнесува фрапантни 13 пати над дозволеното, додека во Тетово речиси 11 пати над дозволената граница.
Во Скопје загаденоста на воздухот со ПМ10 честичките изнесува 6 пати над дозволената граница.
Недозволиво, неодговорно и срамно е да се игнорира вака значајна тема директно поврзана со здравјето на граѓаните.
Загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски којшто мислеше само на провизиите од тендерите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра и богатењето на фамилијата.
Фамилијарно-тендерските „политики“ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат здравјето на граѓаните.
Затоа заврши времето на Никола Груевски. И затоа завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 25.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА