fbpx

Институциите се должни да одговорат за начинот на финансирање на медиумите на Никола Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Поминаа 42 дена откако СДСМ обелодени за приходите од 1.3 милиони евра на Курир, за приходите од 1.1 милион евра на Република, приходите од 617.000 илјади евра на Радио Слободна Македонија.

Курир, Република и Радио Слободна Македонија се трите медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра!

Од каде им се милионските приходи на медиумите коишто ги уредува Никола Груевски?

Зошто и државните институции молчат за милионските приходи на сметките на медиумските курири на Никола Груевски?

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај со по 40 денари на ден, додека над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, фабриката за лаги на Никола Груевски врти 3 милиони евра. Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.

Граѓаните дознаа дека фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е директно поврзана со овие медиуми и со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП чиј сопственик е Владислав Стајковиќ.

НВСП на Стајковиќ е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата, а зад којашто лично стои братучедот на Груевски, Мијалков.

Вистината за Македонија ја откри поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.

Затоа медиумите на братучедите Груевски и Мијалков 10 години шират невистини и ги трујат граѓаните, за да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.

Никола Груевски не сака слободни медиуми. Медиумскиот мрак во Македонија фамилијата сака го користи за спас на сопствената кожа. Затоа медиумите на Никола Груевски молчат за милионите на нивните сметки.

Државните институции се должни да одговорат за начинот на финансирање на медиумите на Никола Груевски коишто вртат милиони на нивните сметки.

 

Скопје, 24.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести