Соопштение за јавност
Недозволиво е институциите да молчат за милионските приходи на медиумските курири на Никола Груевски.
Од каде им се милионските приходи на медиумите коишто ги уредува Никола Груевски?
Државните институции се должни да одговорат за начинот на финансирање на медиумите на Никола Груевски коишто вртат милиони на нивните сметки.
Поминаа 43 дена откако СДСМ обелодени за приходите од 1.3 милиони евра на Курир, за приходите од 1.1 милион евра на Република, приходите од 617.000 илјади евра на Радио Слободна Македонија.
Курир, Република и Радио Слободна Македонија се трите медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра!
Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај со по 40 денари на ден, додека над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, фабриката за лаги на Никола Груевски врти 3 милиони евра. Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.
Граѓаните дознаа дека фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е директно поврзана со овие медиуми и со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП чиј сопственик е Владислав Стајковиќ.
НВСП на Стајковиќ е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата, а зад којашто лично стои братучедот на Груевски, Мијалков.
Вистината за Македонија ја откри поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.
Затоа медиумите на братучедите Груевски и Мијалков 10 години шират невистини и ги трујат граѓаните, за да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.
Никола Груевски не сака слободни медиуми. Медиумскиот мрак во Македонија фамилијата сака го користи за спас на сопствената кожа. Затоа медиумите на Никола Груевски молчат за милионите на нивните сметки.
Скопје, 25.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА