Соопштение за јавност
ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски за само две години ја задолжија Македонија со 2,3 милијарди евра. Вкупниот државен долг веќе достигна 11 милијарди евра, а сега сакаат нови кредити за нови тендери плус уште 260 милиони евра кои ќе ги враќаат нашите деца.
Овие пари не се за развој на државата – тие се за нови тендери на организираната криминална група.
Не даваме нови задолжувања!
Нема да ни ги претворите децата и внуците во должнички робови.
Доста е повеќе со ограбуањето на народот!
Обвинителството не реагира на аферите со криминални тендери, 161 тендер за семејната фирма на Томовски, 93 тендери за Матсеф, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО-ОКГ преку општините, за 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, за тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.
Нема одговор од ДКСК на пријавата на СДСМ.
Нема одговор на кривичната пријава против Мицкоски и заканите.
Нема одговор за кривичната пријава за перењето пари на сопствените на Орбановата медиумска мрежа во Алфа ТВ.
Нема одговор за НИШТО!
СДСМ и групата собрана околу Фронтот на вистината и правдата ќе се борат со сите демократски средства да го запреме овој неконтролиран грабеж на граѓаните на Македонија.
Грабежот на ВМРО-ОКГ продолжува.
Граѓаните ја гледаат вистината. Ние нема да дозволиме државата да се претвори во приватна банка на криминалната група ВМРО.
Ќе застанеме на пат на оваа банда.
Сите ќе одговарате!



