fbpx

Груевски е зависен од медиумите под контрола, затоа се грапчи за нив

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За Никола Груевски секој кој не е позади него е позади некој друг.

За Груевски мисловна именка е да се биде независен. Бидејки и самиот Груевски знае дека не би постоел да не постоеја медиумите под негова контрола.

Груевски е зависен од медиумите што ги корумпира со милиони евра пари на граѓаните, за да ги кријат неговите злодела, за да лажат и манипулираат со вистината што му излезе како шило.

Затоа се грапчи за нив.
Затоа Никола Груевски не сака регулација на медиумите и затоа не сака фер и демократски избори.

Во медиумите под контрола Груевски гледа спас.
Медиумите под контрола повеќе не можат да му помогнат на Груевски.

Времето на Никола Груевски заврши. Завршува и времето на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Скопје, 23.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести