fbpx

Не разбира Никола дека веќе е Никој

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

На кого Никола Груевски му зборува за кредитоспособност и потребни плати од 50 до 80 илјади денари за кредит за куќа и од која позиција?

Никола Груевски исели 626.312 илјади луѓе, од кои најголем број млади.

Над 500.000 луѓе живеат во сиромаштија.

Над 180.000 луѓе живеат со по 40 денари на ден.

50 проценти од младите се невработени.

Груевски не разбира дека повеќе не е премиер.

Граѓаните му го одземаа правото на Никола Груевски да се ги користи нивните пари, како да ги вади од свој џеб, а не од народниот буџет.

Посебно што 10 години народните пари одат во џебовите на Груевски и неговата фамилија.

Апсурдно е Груевски да зборува за канализации и водоводи без коишто ги остави граѓаните.

Илјадници граѓани во Македонија пијат загадена вода со арсен, бактерии и фекалии.

Во Гевгелија водата за пиење е полна со арсен.

Во селата Октиси, Франгово и Калишта во водата е најдена бактеријата ешерихија коли.

Со бактерии е и водата во Тетово, во градскиот водовод во Неготино, околните села на Неготино и Демир Капија.

Неисправна е водата за пиење во шест села во охридско.

Со фекалии е водата во Велес!

Проблеми со водоснабдувањето со години имаат жителите во битолско.

Жителите на Село Врбоец, крушевско воопшто немаат водовод.

Патот од наносите од камења и земја што се струполија во селото Мала Речица за време на поплавите летото не се санирани. Луѓето живеат во страв од нова ерозија.

На овие луѓе ли Груевски им зборува за водоводи, патишта и канализации?

Груевски им одзеде 10 години живот на граѓаните на Македонија.

Времето на Никола Груевски заврши. Завршува и времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 23.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести