Соопштение за јавност
Пустош направија Никола Тодоров и власта на ВМРО-ДПМНЕ поради што не само што нема квалитетно здравство, туку нема ни здравството.
Има само тендери што ги овозможуваат Никола Тодоров на тесната група на власт.
Ревизорот кажа:
-Власта набавува медицинска опрема што отстаптува од потребите наведени во тендерите
-Власта доцни со плаќање на опремата за што граѓаните плаќаат и дебели камати
-За набавена милионска опрема нема просторни услови, ниту обучени кадри
-На опремата што стои неискористена во кутии и поминуваат гарантните рокови
Никола Тодоров е соочен со кримнинална позадина на тендерите во здравството.
Затоа на Тодоров му затребаа медицинските работници со кои се вади дека ги праќал во здравство за да се обучуваат за нова опрема и нови методи.
Самите медицински работници признаваат дека е невозможно да применат успешни странски искуства во катастрофалните здравстени услови во Македонија.
Медицинските работници работат во крш простории со мувла и отворени прозорци.
80 проценти од времето лекарите се приморани да го поминат на компјутер и тастатура наместо со пациентот.
Затоа над 200 лекари годишно ја напуштаат Македонија.
Поради политиките на Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ:
-Во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!
-На дијабетичарите им се даваат инсулин од постари генерации и полуисправни апарати за мерење шекер
-За речиси 30 проценти, според Државниот завод за статистика се зголемени трошоците на здравствените услуги, што го побива тврдењето дека се намалени цените на лекарствата и услугите во Македонија
-Пациенти што крварат само си купуваат завој
Виртуелните инвестиции на Тодоров и власта во здравството се реални инвестиции во џебовите фамилијата.
Времето на Никола заврши!
Скопје, 22.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА