fbpx

Граѓаните и понатаму се гушат во загаден воздух

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Здравјето на граѓаните нема никакво значење за ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Ниту една сериозна мерка за намалување на загадувањето на воздухот не беше преземена.

Граѓаните во Македонија и понатаму се гушат во нечист, загаден воздух полн со канцерогени честички коишто се опасни по нивното здравје.

Мерните станици покажуваат дека во Скопје концентрацијата на ПМ10 честитчките изнесува 7 пати над дозволеното, во Битола 11 пати над дозволеното, а во Тетово 10 пати над дозволеното.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години не преземаа ништо за да се реши проблемот со енормно загадениот воздух. Сега продолжуваат да го игнорираат овој проблем со што директно го загрозуваат здравјето и животот на граѓаните.

Наместо решавање на проблемот со загадувањето, фамилијата во изминатите години беше фокусирана на своите бизнис интересите и богатење на грбот на граѓаните коишто се трујат во загаден воздух.

 

Скопје, 22.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА