Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев доби едногласна поддршка од коалициските партнери од здружената опозиција.
На вечерашната средба на претседателот Заев со коалициските партнери, на којашто присуствуваше и Стево Пендаровски изразена е единственост во позициите за чекорите што се преземаат и ќе се преземаат во врска со политичката ситуација во земјава.
СДСМ и коалициските партнери се одлучни за спроведување фер и демократски избори.
Избирачкиот список мора да се прочисти.
Мора да се обезбеди професионално известување на медиумите.
Само такви избори се во интерес на граѓаните и на Македонија и само на такви избори ќе учествува опозицијата.
За СДСМ и коалициските партнери не се прифатливи избори на 24 април.
СДСМ и здружената опозиција нема да учествуваат на избори организирани на 24 април.
Во врска со учеството на министрите и замениците министри на опозицијата во Владата констатирано е дека таа одлука е донесена од централните органи и тела на партиите од здружената опозиција.
Централните органи и тела на партиите од здружената опозиција штом ќе донесат одлука за учеството во Владата, ќе и биде соопштена на јавноста.
Скопје, 18.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА