Соопштение за јавност
Одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдува дека Никола Груевски се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори.
Груевски не сака прочистен избирачки список за да може да манипулира со фиктивни гласачи.
Никола Груевски не сака слободни медиуми затоа што му треба медумскиот мрак што го создаде за да го крие криминалот на фамилијата во изминатите 10 години.
Граѓаните на Македонија освен фамилијата на Никола Груевски немаат корист од одржување на избори без претходно навремено прочистување на Избирачкиот список и без навремена регулација за слободни медиуми.
Непрочистениот Избирачки список и медиумскиот мрак фамилијата би сакала да го користи за спас на сопствената кожа.
Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнија клучните обврски од Договорот од Пржино.
За СДСМ не се прифатливи избори без слободни медиуми и без прочистен Избирачки спосок и на такви избори нема да учествува.
СДСМ ќе продолжи да се бори за создавање на фер и демократски услови за одржување на изборите со сите демократски средства што ни стојат на располагање.
Ќе продолжиме да се бориме за слободна и демократска Македонија заедно со граѓаните.
Македонија бара промени и промените ќе се случат на слободни, фер и демократски избори.
Скопје, 18.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА