fbpx

Наместо да одговори за милионите „Курир“ штaнца нарачани текстови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Колкав е стравот на Никола Груевски од слободни, фер и демократски избори покажуваат нервозните текстови кои по негова нарачка ги објавува „Курир“.

Наместо да одговори за милионите на сметките „Курир“ штнаца нарачани текстови.

Без да навлегуваме во дебата за лагите на милионерите од „Курир“, токму тие и ваквите текстови се причина зошто Македонија е 123-та на листата на Репортери без граници.

Криминалниот систем на вредности на фамилијата тежнее да ја потоне Македонија уште пониско во секој поглед.

Затоа медиумите на братучедите Груевски и Мијалков 10 години ги трујат граѓаните со нарачани информации и ги штитат криминалите на фамилијата.

Никола Груевски се плаши од фер, слободни и демократски избори затоа што ќе ја плати цената што им украде 10 години живот на граѓаните и ќе се соочи со одговорноста за целокупниот криминал на фамилијата во изминатите години.

Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнија клучните обврски од Договорот од Пржино, не е прочистен Избирачкиот список, не е спроведена регулација на медиумите, a не функционира ниту Анкетната комисија за незаконското прислушување.

Денеска и Државната изборна комисија потврди дека не е прочистен избирачкиот список и дека за тоа се потребни најмалку 3 до 4 месеци, како што посочува ДИК.

Јасно е. Македонија бара промени и промените ќе се случат на наредните слободни, фер и демократски избори.

Скопје, 17.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести