fbpx

Празна ливада наместо индустриска зона во Делчево

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Индустриската зона близу месноста Милково брдо во Делчево е уште една лажна, виртуелна инвестиција на Никола Груевски.

Уште во 2013 година Никола Груевски ја најави изградбата на оваа технолошко индустриска зона но таа не започна со години. Во 2015 година, Никола Груевски направи уште една манипулација и за истата индустриска зона фрлаше лопата. И толку.

Денеска, после цели три години од најавата за изградба, наместо индустриска зона зјае празна ливада.Освен дупката од фрлената лопата на манипулаторот Никола Груевски, нема ништо друго, ниту индустриска зона, ниту фабрики, ниту нови работни места.

Оваа празна ливада е уште еден симбол на лажните, неостварени, виртуелни инвестиции на Груевски и неговите “дил ориентед” политики.

Досега според најавените странски инвестиции од страна на манипулаторот Никола Груевски, вкупно се ветени а нереализирани вработувања на 34.695 граѓани.

Невработеноста се зголемува а младите, високо образование луѓе ја напушаат Македонија, го напуштаат и Делчево. Поради катастрофалните политики на Никола Груевски 626.312 граѓани заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

Очајниот Груевски наместо да се расфрла со виртуелни вработувања и инвестиции, должен е да одговори пред граѓаните за сите лажни инвестиции, коишто со години се само празни ливади.

Нема индустриска зона во Берово, празна ливада е индустриската зона во Гевгелија, ја нема ниту индустриската зона во Крушево, ниту индустриската зона Мауцкер во Охрид којашто остана депонија.

Нема ниту фабрика за печурки во Свети Николе, ниту фабрика за ветерници во тетовско….

Корупцијата во изминатите години однесе многу работни места и избрка многу странски инвестиции.

Единствените реални „инвестиции“ на Никола Груевски се парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите за споменици вредни 630 милиони евра…

Граѓаните знаат дека Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…

Затоа граѓаните немаат никакви очекувања од Никола Груевски. Единствено ја чекаат неговата оставка.

Македонија бара промени и промените ќе се случат на наредните слободни, фер и демократски избори.

Скопје, 16.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести