Филипче: Мицкоски дојде на власт со лаги за името, Преспанскиот договор и идентитетот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Мицкоски дојде на власт со лаги за враќање на името, укинување на Преспанскиот договор и наводна заштита на идентитетот, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, додавајќи дека единствен резултат денес од политиките на ВМРО е блокада на европскиот пат и изолација на државата.

„Тоа нема да им помине. Затоа што Македонија повторно ќе биде на исправниот, на правиот пат кон Европа, повторно ќе биде демократска, ќе биде слободна и повторно тука младите ќе ја гледаат иднината“, порача Филипче.

Тој додаде дека Македонија мора да се врати на европскиот пат и ги повика сите прогресивни сили да се приклучат кон Фронтот за слобода и правда.

„Коалицијата и соработката продолжува и понатаму, сега и во една нова форма во Фронтот за слобода и правда. Во фронтот ги повикуваме и сите други политички партии, не само овие кои што веќе го потврдија учеството, а се дел од сегашната коалиција, туку и другите политички партии, дури дел од коалициските партнери на сегашната криминална власт, затоа што тие знаат дека оваа власт не ја води државата како што треба“, рече Филипче.

Во изјавата за медиуми, Филипче нагласи дека власта предводена од Мицкоски ја држи државата во изолација и работи спротивно на националните интереси.

„Ги повикуваме заеднички во фронтот да се бориме против оваа криминална власт која што го пљачка и последниот денар од буџетот, додека тие уживаат и се богатат на сметка на граѓаните. Против оваа криминална власт која што земјата ја држи во изолација, а тие сите имаат бугарски пасоши во џебовите и против оваа криминална власт која што работи за туѓи интереси, пред сè српски и руски интереси, сакајќи да останеме изолирани и слепо црево на Балканот“, изјави Филипче.