fbpx

Николовски: Сигурен пласман и зелена нафта за земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Несигурен пласман, скапи репроматеријали, особено нафта и цени кои ги диктираат трговците е моменталната состојба во земјоделското производство во сите региони во државата.

Во валандовскиот крај во тек е бербата на зимската зелка. Земјоделците од селата Удово, Јосифово и Брајковци, вчера ги посети дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

-Најгоелем проблем ни е пласманот за сите земјоделски производи. Цената ни ја диктираат неколку трговци кои се здружуваат и заеднички се договараат цената. Ние немаме никакви влијание, а нема ни кој да не заштити – му се пожалија земјоделците на Николовски.

Освен несигурниот пласман земјоделските производители реагираат и на скапите репроматеријали, особено нафтата, кои значително им го поскапуваат производството и ги прават неконкурентни на пазарот.

На ова Николовски одговори дека неможе државата да стои настрана и да се правда со пазарно време. Проблемот со пласманот е проблем на државата.

-Мора владата да реагира на пазарот и да не ги остава земјоделците сами препуштени на трговците. Во Законот за Земјоделство и рурален развој и сега постои можност Владата да реагира со интервентен откуп со што го регулира пазарот – рече Николовски и додаде дека подологорочното решение на проблемот со пласманот е обезбедување на поефтини репроматеријали, особено зелена нафта, со што значително ќе се намали производната цена и земјоделските производи ќе бидат конкурентни како на домашниот така и на странските пазари.

 

 

Последни вести