fbpx

Милиони евра од Груевски и Мијалков за Курир, за граѓаните сиромаштија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Милиони евра од Груевски и Мијалков за Курир, а за граѓаните сиромаштија.

Главните уредници во медиумите под нивна контрола, Груевски и Мијалков им украдоа 10 години живот на граѓаните на Р.Македонија, креирајќи една извртена реалност,преку Курир и пропагнадата. Граѓаните тонат во сиромаштија, а тие се возат во мерцедеси од 600 000 евра.

Со денови Курир крие од каде му се милионските приходи од 1.3 милиони евра.

Зад Курир стои Мијалков, и очигледно од таму му се милионските приходи.

10 000 фирми во Македонија се затворија заради арач политиките на власта во заминување, но затоа само бизнисите на фамилијата и Груевски вртат милионски приходи.

Ако зборува за приходот од 1.3 милиони евра Курир треба да ја открие поврзаноста со Мијалков, затоа со денови молчи и се крие.

Фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е поврзана со фирмата НВСП, којашто пак е основач на агенцијата за обезбедување СГС.

Зад агенцијата за обезбедување СГС стои братучедот на Груевски, Мијалков.

Сопственик на фирмата НВСП, основачот на СГС е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Во Вистината за Македонија се покажа поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел, во проектот Вистината за Македонија.

Затоа Курир ги труе граѓаните со нарачани информации за некаква извртена реалност затоа што поданички ги штити криминлите и провизиите на своите наредбодаватели Груевски и Мијалков.

Брзо ќе се потврди што е Курир, како се финансира и од чии пари.

Скопје, 10.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести