Соопштение за јавност
Арач политиките на Груевски затворија повеќе од 10.000 фирми во Македонија, но затоа владините курири се омрсија со милионски приходи.
Уште едно гласило на Груевски, провладината Република, спореди официјални податоци на Централниот регистар за три години остварила приходи од неверојатни 1,1 милиони евра!
Додека владините курири вртат милиони евра, граѓаните на Р.Македонија тонат во невидена сиромаштија.
Курир има приходи од 1,3 милиони а Република остварила приходи од 1,1 милиони евра! Само две гласила под контрола на Груевски, оствариле приход од неверојатни 2,4 милиони евра.
За милионите што ги добиваат, Курир и Република креираат лажна реалност со којашто ги штитат милионите и криминалите на Никола Груевски, Сашо Мијалков и фамилијата.
Но, граѓаните повеќе не им веруваат на лагите кои со години им ги пласираат овие гласноговорници на власта во заминување.
Набргу ќе се разјасни како се финансира Република, за што е платена и со чии пари.
Скопје, 09.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА