fbpx

Партијата на Груевски позади земјоделецот од МАРнет и МАРнет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Каква е поврзаноста на партијата на Груевски со земјоделецот од Велес, вработен во МАРнет, што го доби доменот Збогум Никола, купен од СДСМ?

Од каде знае партијата на Груевски што направиле од МАРнет, освен ако јавната установа не работи по нивна директива?

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ излезе да ги брани земјоделецот од МАРнет и јавната установа МАРнет е потврда на сомнежите дека власта на Груевски стои зад направените злоупотреби.

Скандал е тоа што доменот zbogumnikola.mk украден од СДСМ, е регистриран на име што води кон вработен во МАРнет.

Новак Новаков од Велес е вработен во МАРнет, а zbogumnikola.mk е регистриран на Новакови, индивидуален земјоделец од Велес.

За неколку дена, откако обелоденивме што се прави преку МАРнет, доменот е пререгистриран од индивидуалниот земјоделец Новакови, на име на непостоечка фирма – СОЛЕ ПРОМ, па на извесен Ванчо Петрушевски од село Добри Дол, кој не знаел зошто го купил доменот!

Ова е класична злоупотреба на институциите од страна на Груевски и неговите соработници кои мислеа дека ќе го спречат функционирањето на интернет страницата Збогум Никола.

Граѓаните им одбројуваат на Груевски и неговата власт преку zbogumnikola.com, а ќе се дознае по чиј налог работи МАРнет и за чии интереси, на граѓаните или на власта.

Почнавме да го демонтираме криминалниот систем на власта на Никола Груевски и ќе ги ослободиме интитуциите, граѓаните и фирмите.

Сите кои учествувале во злоупотребите, ќе одговараат.

Скопје, 08.01.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести