Соопштение за јавност
Поради виртуелните инвестиции на Груевски Македонија е последна земја во регионот и Европа по странски инвестиции.
Груевски ги излажа граѓаните за 307 милиони евра странски директни инвестиции коишто никогаш не се реализираа.
И Народна банка го демантираше Груевски кој во последните денови од неговиот мандат се расфрла со виртуелни бројки.
Македонија во последното тромесечие имала само 8.5 милиони евра странски инвестиции! Тоа е помалку од половина Панорамско тркало во Вардар.
Само во последните денови од мандатот на Груевски:
-Над 1.000 рудари одТораница и Добрево останаа на улица, без работа, затоа што виртуелната инвестиција на Груевски се повлекува од државата
-Над 50 граѓани од Берово остана без работа,поради стечајот што го прогласи турската фирма Улак амбалаж
-Во Свети Николе, Груевски ги излажа граѓаните за наводни 450 вработувања, во некаква фабрика за производство на печурки, којашто никогашне се изгради
Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхостод Данска…
Од виртуелните инвестиции на Груевски останаа само лажните ветувања и празни ливади.
Од виртуелните политики на Груевски над 500.000 луѓе живеат под прагот на сиромаштија.
626.312 луѓе ја напуштиле Македонија.
Во мандатот на Груевски има само инвестиции во лаги и криминал за богатење на фамилијата.
Мандатот на лаги и криминал на Груевски и фамилијата завршува!
Граѓаните имаат идеја за Груевски:
Збогум Никола!
Скопје 08.01.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА