Соопштение за јавност
Никола Груевски најави 10-ци виртуелни инвестиции во неговиот 10-годишен мандат и за сите излажа, а сака граѓаните да му веруваат за нови 10 кога тој нема да биде премиер.
Груевски ги излажа граѓаните за 307 милиони евра странски директни инвестиции коишто никогаш не се реализираа.
Само во последните денови од мандатот на Груевски:
-Над 1.000 рудари од Тораница и Добрево останаа на улица, без работа, затоа што виртуелната инвестиција на Груевски се повлекува од државата
-Над 50 граѓани од Берово остана без работа, поради стечајот што го прогласи турската фирма Улак амбалаж
-Во Свети Николе, Груевски ги излажа граѓаните за наводни 450 вработувања, во некаква фабрика за производство на печурки, којашто никогаш не се изгради
Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската ГазитГлоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…
Од виртуелните инвестиции на Груевски останаа само лажните ветувања и празни ливади.
Поради виртуелните инвестиции на Груевски Македонија е последна земја во регионот и Европа по странски инвестиции.
И Народна банка го демантираше Груевски за неговите виртуелните инвестициски успеси.
Македонија во последниот квартал има само 8.5 милиони евра странски инвестиции.
Панорамнското тркало во Вардар тежи два пати повеќе од странските директни инвестиции на Груевски.
Виртуелните инвестиции на Груевски доаѓаат и заминуваат, а со нив се зголемува само бројот на граѓани без егзистенција.
Во виртуелниот свет на Груевски има само инвестиции во лаги.
Во реалноста граѓаните имаат идеја за Груевски:
Збогум Никола!
08.01.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА