Соопштение за јавност
Ако не Курир, Република би можела да им каже на граѓаните како се заработуваат 1.100.000 евра.
Гласилото Република, според официјални податоци од Централен регистар, за период од три години остварила приходи над 1.100.000 евра!
Приходот на Курир е 1.300.000 евра, а на Република 1.100.000 евра.
Само две гласила под контрола на Никола Груевски и фамилијата, оствариле неверојатни 2.400.000 евра.
Во услови кога граѓаните и фирмите едвај преживуваат, пропагандата на Груевски и Мијалков работи како фабрика за пари.
Република како и Курир ги труе граѓаните со лаги, а ја крие вистината за криминалите на власта.
И Република не ја интересираат потребите на граѓаните, туку потребите на власта, зашто преку власта ги цицаат парите на граѓаните.
Брзо ќе стане јасно, како се финансира Република, за што е платена, со колку пари и со чии пари.
Скопје, 08.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА